Доколку немате време за класична мусака, обидете се да направите верзија без месо која ќе ве воодушеви

Состојки:

500 гр компири,

200 мл млеко,

3 јајца

1 лажица брашно,

2-3 главици кромид,

масло за пржење,

сол по вкус

бибер, оригано, пипер по желба

Подготовка:

Сварете ги компирите не лупени. Кога ќе се оладат, излупете го и исечете го на кришки. Кромидот ситно се сечка и се пржи додека не омекне. На дното ставете ги кромидот и лукот, па ставете еден ред компири. Повторно ставете го кромидот, па компирот. Јајцата и млекото се матат и се мешаат во една лажица брашно, сол по вкус. Додадете зачини по желба. Прелијте ги компирите и печете ги на 200 степени околу половина час.