Како да биде корисно, а да не биде штетно

Може и зимница од замрзнувач, но само вака

Здравиот и цврст есенски зеленчук може да ви се најде на трпезите во текот на целата зима, па и рано на пролет, доколку го замрзнете. За замрзнување на зеленчукот има правила, кои ако ги почитувате, нема да ви недостига било кој овошен или зеленчуков плод, кои во овој период ги има во изобилие на пазарите.

ЦВЕКЛО Измиеното и сварено цвекло, доколку се лупи, се сече во тркалца или други форми, се става во пластични кесички, се затвора и се замрзнува. Пред употреба, треба да се одмрзне во текот на ноќта. Се употребува за салата или некои јадења каде треба да се додаде цвеклото. Трајност 12 месеци.

СВЕЖА ЗЕЛКА Исчистената зелка се сеч- ка во резанки, се бланшира 1-2 минути, се цеди, се оладува и со неа се полнат пластични кесички. Рок на траење 10 месеци. Одмрзнување не е потребно. Може да се вари или да се динста.

КАРФИОЛ Исчистениот и измиен карфиол се обарува 3-4 минути, се лади, се дели на цветчиња и се става во пластични кесички. Рок на траење на замрзнатиот карфиол е шест месеци. Пред употреба не треба да се одмрзнува.

МОРКОВИ Морковите добро се мијат, се чистат и се сечат во тркалца (или коцкички) што зависи од тоа за што ќе ги употребите. Се обаруваат сосема кратко време, се цедат, се ладат, потоа се полнат кесите за замрзнување, херметички се затвораат и се замрзнуваат. Бланширањето на морковите не смее да биде повеќе од 2 минути. Пред употреба, не се одмрзнуваат.

МАГДОНОС Магдоносот може да се замрзне во цели врзалки или да се одделат листовите, Како и да се замрзнува, треба претходно добро да се измие, да се исцеди и со него да се наполнат помали пластични кесички и да се замрзне. Но, магдонос може да се замрзне и во коцки за мраз. Магдоносот ситно се сечка, се полнат коцките за мраз и се дополнуваат со малку вода. Се замрзнуваат. Кога се замрзнати, се вадат коцките од магдонос, се префрлаат во поголема кесич- ка, се оставаат во замрзнувач. По потреба се зема коцка и веднаш се употребува. Рок на траење 12 месеци. На ист начин може да се замрзне и лист од целер - во листови или цели гран- чиња. Некој не фрла ни рачки од листот од целерот. И тие се замрзнуваат и може да се додадат во чорба од домати.

ДОМАТИ Доматите може да се замрзнат цели, свежи, но мо- же да се замрзне и густо варен сос од домати. Рок на траење 12 месеци. Одмрзнување не е потребно, се употребуваат веднаш.

ПИПЕРКИ Пиперките одлично се замрзнуваат без оглед дали се живи или печени. За да се замрзнат свежи пиперки треба да се измијат, да се отстрани семето и рачките, да се исцедат и да се исечат на тркалца, а потоа се замрзнуваат во кесич ки. Печените пиперки може да се замрзнат цели и нелупени, а потоа да се употребуваат за салата или да се пржат. Може да се излупат и да се замрзнат цели, или исчистени од семето и по желба исечкани. Рок на траење 12 месеци. Свежите замрзнати пиперки можат веднаш да се додаваат во варени јадења, а оние печените треба да се остават извесно време на собна температура, да се одмрзнат.

СПАНАЌ Добро измиените листови спанаќ се цедат, се блан- шираат, повторно се цедат и се полнат пластичните кесички. Претходно треба добро да се олади. Рок на траење 12 месеци. Пред употреба спанаќот не треба да се одмрзнува, туку веднаш се употребува.

Поврзани

Најнови вести

Коментари