Морски плодови во сос

Состав
Околу 1 кг морски плодови(лигњи,морски стапчиња и ракчиња)
3-4 лажици пире од патлиџан
1 кромид
1-2 чешниња лук
250 гр бело сирење(фета)
1/2 китка магдонос
3/4 шоља маслинов зејтин
1 пиперка зелена ситно сецкана
1/2 лажиче шекер
1 шољичка узо
1 шоља бела вино
1 пиперче љуто(кој сака)
сол и бибер

Подготовка

Морските плодови ги варите во солена вода околу 20 мин.Ги тргате на страна.Кромидот го пржите со маслиновиот зејтин околу 5 мин и ја додаваме пиперката,лукот и 1 шоља од водата кај што се вареа морските плодови.Го зачинуваме со сол,бибер и шекер.Го ставаме на тивко да врие околу 10-15 мин.Го додаваме магдоносот,сирењето сечено на коцки и морските плодови и продолжуваме со динстањето уште 5мин и го додавате узото.Јадењето го ставате во тава по можност од теракота,го поливате со виното и го печете на веќе загреана рерна околу 10-15 мин.

Најнови вести

Коментари