logo
logo
logo

МЕДИТЕРАНСКИ: Пржена риба во сос од билки

Vecer | 01.05.2021

МЕДИТЕРАНСКИ: Пржена риба во сос од билки

Пролет е. Време кога на располагање имаме изобилство зеленчук и билки за готвење. Пробајте го овој рецепт за ручек, пржена риба со сос од пролетни билки и зеленчук, ќе ги усрежите сите дома, понувајќи од себе.

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 °Ц.

Изрендајте ја кората од лимонот, без да зафатите од белата поткора. Исцедете го сокот од лимонот во сад. Додајте ги лукот, билките и половина од маслото. Зачинете, а потоа оставете го настрана.

Загрејте го преостанатото масло во огноотпорна тава на средно-висока температура. Пржете ја кората од лимонот 30 секунди. Зачинете ја рибата, а потоа ставете ја во тавата со страната на кожата надолу. Пржете на средна температура 3-4 минути додека кожата да стане крцкава, а месото да стане бело на рабовите.

Ставете ја тавата во рерна 5 минути за рибата да се допече. Вратете ја тавата на тивок оган, истурете ја смесата со билки и загрејте ја. Послужете ја рибата со крцкав тазе леб.

Состојки:

1 голем лимон

3 чешниња лук, тенко исечени

1 чаша листови магдонос, раскинати

12 ливчиња нане, раскинати

12 ливчиња босилек, раскинати

2 лажици оригано

100 мл екстра девствено маслиново масло

4 филети бела риба сосе кожа

крцкав леб, за сервирање

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk