logo
logo
logo

Мармалад од варено вино - Божиќен деликатес само за возрасни

Vecer | 21.12.2021

Мармалад од варено вино - Божиќен деликатес само за возрасни

За многу луѓе мармаладот е составен дел од совршениот појадок. Направете сè многу празнично - со мармалад од варено вино. Но, бидете внимателни: ова е навистина деликатес само за „големите“.

Состојки за околу 6 тегли:

• 1  лимон

• 1 портокал

• 500 мл црвено вино, суво

• 3 пакетчиња божиќни зачини

• 1 кг јаболка

• 700 гр шеќер за конзервирање, 2: 1

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gina (@huddich)

Подготовка

1. Најпрво убаво измијте ги лимонот и портокалот, а потоа изрендајте ја кората. Исцедете го сокот и ставете ги во тенџере со црвено вино, кора и зачин. Загрејте малку. Оставете да отстои половина час на тивок оган.

2. Во меѓувреме се лупат јаболката, се отстранува јадрото и се рендаат јаболката. Ставете ги јаболката во големо тенџере.

3. Црвеното вино процедете го низ сито на јаболката. Додадете шеќер за конзервирање и варете додека мешате. Оставете да се динста три минути, а потоа направете тест за желатинизирање. Ако конзистентноста е премногу течна, мармаладот треба да се готви уште една минута. Ако тестот е успешен, тенџерето може да се отстрани од огнот.

4. Наполнете ги теглите со мармаладот додека е уште топол. Добро затворете ги теглите и оставете свртени на капакот околу пет минути. Потоа повторно превртете ги теглите и оставете го џемот целосно да се излади. Совет: ако не сакате алкохол, наместо црвено вино, можете да користите детски пунч. Но, тогаш изберете варијанта со малку шеќер, инаку целата работа брзо може да стане премногу слатка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bettina Gumpl (@bake.tina)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk