Мариниран модaр патлиџан печен на скара



Состојки:

4 модри патлиџани средна големина
сол
маслиново масло за премачкување на пачињата
сок од 1 лимон (може вински или јаболков оцет)
мелен пипер
5 чашниња лук
100 гр. маслиново масло

 

Подготовка:

1. Модриот патлиџан исечете го на кругови парчиња од 1 см., посолете ги и оставете ги да отстојат 30 минути да пуштата вода.

2. Потоа измиете ги, избришете ги со книжна салвета од едната страна намачкајте ги со масло. Намачканата страна ставете ја на скара или тостер и запечете. Ова повторете го и на другата страна на патлиџанот.

3. Сокот од лимон ( или оцет) измешајте го со солта, пиперот, и маслиново масло.

4. Оставете ги кришките модер патлиџан да се подоладат. Потоа редете ги во тегла каде што на секој ред ќе го ставате и сецкан лук, и залиете ги со подготвената маринада. Теглата затворете ја со капак и оставете ја извесно време да постои на собна температура а потоа во фрижидер.
Вака подготвен модер патлиџан, можете да го напраете и во поголема количина кој ќе биде дел од зимниците на вашите полици.

Најнови вести

Коментари