Само три состојки ќе го подобрат вкусот на пилешкото на скара.

Наскоро ќе започне сезоната на скара, а покрај ќебапите и плескавиците кои традиционално се печат на скара, многумина сакаат и печено пилешко. За да постигнете крцкавост и одличен вкус, маринирајте ги парчињата месо неколку часа претходно – со советите и триковите на готвачката Клер Лоуер, пренесува  Lifehacker.

Оваа готвачка тврди дека одлична маринада може да се направи со само три состојки – јогурт, лук и сол!

Во сад измешајте јогурт и лук сол – количината зависи од килограмите месо што ги имате, а Клер по правило користи по една лажица сол со лук за секоја шолја јогурт.

Истурете ја маринадата врз пилешкото и ставете го во кеса и оставете го во фрижидер преку ноќ, или најмалку 6 часа пред печењето на скара. Кога ќе дојде време за скара, едноставно избришете го вишокот со хартиена крпа и ставете го на скара.