Таа ќе ви даде повеќе отколку што очекувате

Мала диња, а задоволство поголемо од било што друго

Кај нас ја има во изобилство, и тоа од повеќе врсти. Не е скапа, може да се понесе мала диња и на работа со себе и да биде ужина по мерка... накусо, дињата има повеќе од што вие очекувате од неа и заслужува да биде дел од вашето секојдневие.

Одберете зрела. сочна диња, по можност разладена, и верувајте тешко ќе најдете нешто повкусно и по корисно од неа. Ако сте сами, мала диња поделена на една половина и една лажица за јадење е се што ви треба. Кога е пресечена на половина во неа можете да дополните сладолед, мали плодови како капини, малини, боровници... и тоа е веќе богатство од вкусови.

Како да одберете диња?
Одберете диња која е цврста, тешка и симетрична, без меки дамки или оштетувања. Денес повеќето овошје може да се купи во текот на целата година, но вистинската наша домашна диња е тука од јуни до крајот на септември. 

Пред да се пресече и отвори дињата, неопходно е да се мие кората (надворешниот дел), со цел да се намали ризикот од пренесување салмонела.

Како да уживате во диња?
Еден од најдобрите и најлесните начини е да се подготви дињата на неколку парчиња, и да се разлади пред да се употреби. Но, има и други.
Можете да ја исецкате и направете салата со тропско овошје со свеж ананас, манго и боровинки и цела да се посипе со кокосово брашно.
Додајте коцки од ладни дињи во јогурт, и сервирајте наместо сладолед.
Направете овошна мешавина со дињи, јагоди и некои други плодови обложени со топено црно чоколадо или сос од јогурт.

Освен што има врвен, оригинален вкус, што е лесна за подготовка и пријатна за јадење, дињата има и други конкретни својства, и помага во неколку ситуации:

Против грчеви

Помешајте 2 лажици семки од диња со 2 лажици семки од краставица и прелијте ги со 6 дл зовриена вода. Остваете ги поклопени да отстојат два часа и процедете. Пијте 1 дл пред појадок, а 2 дл пред ручек и вечера. Лекувањето трае 10 дена.

За мочниот меур

Помешајте 2 лажици ситно измелени семки од диња, 2 лажици семки од краставица и 1 лажица иситнети петелки од вишни. Прелијте ги со 7 дл зовриена вода и оставете да отстои поклопено два часа. Процедете и пијте по 2,5 дл три пати дневно пред оброкот во текот на пет дена.

Силен имунитет

Сокот од дињи, исцеден рачно или во соковник, се меша со јогурт, мед и лимонов сок. Се консумира два до три пати днево по една чаша.

Нега на сувата кожа

Во свежо исцедениот сок од диња се додава еднаква количина на млеко и вода од рози. Овој лонсион се става на лицето навечер и наутро, по можнност и почесто. Се остава да стои 20 минути, па лицето се мие со млака вода.

Поврзани

Најнови вести

Коментари