Мафини со вишни

СОСТОЈКИ:

2 јајца

100 г шеќер

10 лажици млеко

250 г брашно

125 г маргарин

1 пакетче за печиво

1 чоколадо за готвење

маринирани вишни

1 лажица „вишновка"

ПРИГОТВУВАЊЕ:

1. Во еден подлабок сад јајцата се матат со шеќерот, потоа се додава претходно растопениот маргарин и се промешува.

2. Во смесата се додаваат млекото и брашното, во кое е измешан прашокот за печиво.

3. Чоколадото се сечка на ситни коцкички и се додава во претходната смеса. По желба се додава и малку „вишновка", со што се добива многу убав вкус. Сè заедно добро се промешува.

4. Калапите за мафини се премачкуваат со маргарин, потоа со лажица се става од смесата до половина на калапот, бидејќи при печењето ќе нарасте и ќе го исполни калапот.

5. Калапот со тесто се става во загреана рерна, и мафините се печат на 180 степени, околу 20 минути.

6. Откако ќе се испечат мафините, се оставаат да се изладат, па се вадат од калапите. Одозгора се декорираат со маринирани вишни.

Поврзани

Најнови вести

Коментари