logo
logo
logo

Мафини со мандарини

Vecer | 15.11.2021

Мафини со мандарини

Сочен доручек со мандарини.

Состојки:

(за 6 мафини)

- 1 поголемо јајце

- 3 мандарини

- 60 гр кафеав шеќер од Витаминка 

- 60 мл масло

- 60 мл млеко

- 60 гр јогурт

- 170 гр брашно

- половина кесичка прашок за пециво од Витаминка 

- дополнителен шеќер за печење, може и во прав, од Витаминка

Подготовка:

Измешајте го јајцето со шеќерот од Витаминка. Потоа додадете го маслото и повторно добро измешајте, а потоа јогуртот и млекото.

Измешајте го брашното со прашокот за пециво од Витаминка, а потоа просејте сè во сад со смесата. Мешајте додека не добиете мазна смеса.

Излупете го и пресечете го на половина.

Во калап за печење ставете хартиени локни и долниот дел од секоја корпа посипете го со малку шеќер од Витаминка.

Во корпичките ставете ги половините од мандарините.

Потоа премачкајте ја смесата за мафини врз мандарините. Се пече во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.

Пријатно!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk