logo
logo
logo

Мафини БЕЗ ЈАЈЦА, БРАШНО, МЛЕКО, МАСЛО... а СУПЕРВКУСНИ

Vecer | 15.03.2023

Мафини БЕЗ ЈАЈЦА, БРАШНО, МЛЕКО, МАСЛО... а СУПЕРВКУСНИ

Мафините се секогаш одличен избор кога сакате да се засладите со некој домашен деликатес! Доколку го почитувате православниот велигденски пост, практикувате веганска исхрана или само се грижите за вашето здравје, овој рецепт е одлична алтернатива на вообичаениот начин на подготовка на слатки чоколадни мафини.

Ако сакате да го направите рецептот уште поздрав, можете да го замените шеќерот со мед, стевиа или еритритол, а вкусот ќе остане извонреден.

Потребни состојки:

- 1 голема и зрела банана

- 2 чаши мелени овесни снегулки

- 1/2 кесичка прашок за печиво

- 2 лажици шеќер

- 1 кесичка ванилин шеќер

- 1 лажичка кокосово масло

- 2 лажици рогач

- 2 лажици спелтино брашно

- 1 лажица какао во прав

- 2 лажици чиа семе

- 40 г суво грозје

Начин на приготвување: Потопете ги овесните снегулки во 100 мл врела вода, оставете да отстојат околу половина час. Потоа една банана убаво изгмечете ја со виљушка, па со неа измешајте ја натопената овесна каша и убаво измешајте. Потоа се додаваат прашокот за печиво, рогачот, какаото и спелтата, па се додава сувото грозје, чиа семето, шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете кокосово масло и добро измешајте за да добиете хомогена смеса.

Истурете во калап за мафини, во кој претходно сте ставиле хартиени корпи и печете во рерна загреана на 180 степени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk