Лиснати мекици готови за миг!

Состојки:

800 гр брашно

2 чаши (400мл) млака вода

2 мали лажички сол

½ кесичка прашок за пециво

малку путер (маргарин, масло)

сирење за полнење

масло за пржење

Подготовка:

Од целото брашно се одзема малку за посип, а во останатото брашно се додава солта, пецивото и со водата се замесува тесто да не се лепи. Се остава малку да одмори. На побрашнета површина се расукува кора правоаголна со помош на сукало, се премачкува со омекнатиот путер во тенок слој, се става изрендано сирење на целата кора и се витка во ролат.

Потоа ролатот се сече на 14 дела. Краевите фино се притискаат за да се залепат. Потоа повторно со сукало се развлекуваат секое од делчињата во дебелина од 1 см.

Се пржат на врело масло од двете страни. Испржените мекици ставајте ги на кујнска хартија за да се впие вишокот маснотија.

Се служи со павлака, јогурт, сирење...

Поврзани

Најнови вести

Коментари