logo
logo
logo

Лимонада со нане и кафеав шеќер - НАЈЗДРАВА КОМБИНАЦИЈА ЗА ЛЕТО

Vecer | 28.06.2022

Лимонада со нане и кафеав шеќер - НАЈЗДРАВА КОМБИНАЦИЈА ЗА ЛЕТО

Лимонадата со нане е еден од најдобрите и најосвежителните пијалоци особено во летниот период.

Слатко-киселиот вкус на лимон и аромата на нане го прават овој пијалок омилен за топлите денови, а предноста е неговата едноставност.

Потребни состојки:

6 лимони

0,5 литри вода

100 грама кафеав шеќер

2 дланки ливчиња нане

мраз

Начин на подготовка:

Ставете го шеќерот со 250 мл вода на оган за да се соединат. Мешајте повремено, а потоа оставете да се излади на собна температура. Потоа ставете ја водата во блендер и додајте ги сокот од лимоните, нането, останатата вода и мразот.

Кога ќе завршите со блендирање, вашиот омилен пијалок е спремен за сервирање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk