logo
logo
logo

ЛЕСНО, ВКУСНО, ЕВТИНО... Потаж од тиквички

Vecer | 27.06.2022

ЛЕСНО, ВКУСНО, ЕВТИНО... Потаж од тиквички

Тиквичките се зеленчук кој не само што благотворно делува на тежината, туку и на организмот. Тие на пример, ги смируваат нервите, ја подобруваат концентрацијата, го зајакнуваат срцето и мускулите. Одлични се и за исфрлање на вишокот вода од организмот, а содржат и многу витамини и минерали. Имаат многу витамин Ц, калиум, калциум, фосфор, селен, а добри се и за варење, а се совршен додаток на месото и рибата.

Оваа супа е одличен избор за летните денови, бидејќи покрај совршениот вкус, лесно се вари и е посна.

Потребни состојки:

- 1 поголема тиквичка

- 1 кромид

- 2 моркова

- малку сув зачин

- малку масло

- лажица брашно

- прстофат сол

- бибер по желба

Начин на приготвување: Пред се, потребно е да се подготви зеленчукот, односно ситно да се исечка кромидот, а потоа и морковите и тиквичките. Треба да исечете сè на мали коцки. Време е во тава да се загрее малку масло, а на тивок оган да се пропржи кромидот, а наскоро да се додаде и морковот. Кога морковите ќе ја ослободат бојата, додадете ги тиквичките и полека пропржете ги.

Кога зеленчукот ќе се испржи, време е да се додаде брашното и сето полека да се меша. Потоа истурете две чаши вода Во шерпата сипете масло и ставете ја на пониска температура да се загрее. Кромидот ситно се сечка и се додава во маслото, па се додава сечканиот морков. Сето тоа измешајте го да не изгори. Откако кромидот ќе добие кристална боја, додадете ги сувите зачини и додадете чаша вода. Излупете ја кората и додадете ја во шерпата. Постепено додавајте вода до саканата количина. Откако ќе се сварат тиквичките, во помал сад изматете една лажица брашно со малку вода. Мешајте додека не се растворат грутките. Во супата постепено додавајте го изматеното брашно со постојано мешање. Оставете да зоврие неколку минути, а по потреба посолете и побиберете.

Пријатно!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk