Лесна салата во чаша

Летните денови носат високи температури а послаб апетит.

Ова е една освежувачка, нискокалорична, лесна и вкусна салата.

Од неа нема да се здебелите а ќе ви го задоволи гладот и ќе бидете долго сити.

100 грама од оваа салата содржи само 117 килокалории!

 

За една порција ќе ви биде потребно:

1 рендана краставица

1 парче варено пилешко

1 домат без лушпа

2 варени јајца (слој од белки, слој од жолчки)

1 мала лажичка маслиново масло

1 супена лажица лимонов сок

магдонос

сол по вкус

Доматот, јајцата, пилешкото ситно исечкајте го или изрендајте го.

Редете во чаша, а редоследот сами изберете го.

Маслиновото масло и лимоновиот сок додадете ги врз слојот од краставицата и доматот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари