Потребни состојки:

  • 2 лажици чија семе
  • 4 лажици овесни снегулки
  • 100 мл врела вода
  • 250 г белки
  • 1 мала рамна лажичка сол
  • 100 г мелен лен
  • посипете со овесни снегулки, сусам и лен

Начин на приготвување: Изматете ги белките за да се формира силна пена. Во сад истурете 4 лажици овесна каша и 2 лажици чиа семе со вода. Кога чиа семето ќе набабри, додајте сè во смесата со белките. Додадете мелен лен и измешајте сè. Префрлете во плех, посипете со овесни снегулки, сусам и лен. Се пече на 180 степени целзиусови околу 30 минути. Исклучете ја рерната и оставете го лебот природно да се излади уште 20 минути.