logo
logo
logo

Леб што НЕ СЕ МЕСИ и е без квасец

Vecer | 20.03.2023

Леб што НЕ СЕ МЕСИ и е без квасец

Дури и почетниците можат да го направат овој леб. Без мешање или чекање тестото да нарасне.

Иако полиците на продавниците се полни со различни видови леб, сепак нема ништо подобро од тоа кога ќе направите домашен интегрален леб со додавање на вашите омилени семки.

Се што треба да направите е да ги соедините состојките и да го оставите садот со состојките за леб во фрижидер преку ноќ. Следното утро можете да го испечете лебот кој ќе биде свеж со денови.

Потребни состојки:

400 г интегрално брашно

400 мл вода

кесичка прашок за печиво

половина кесичка сода бикарбона

4 лажици масло

една лажичка сол

ленено семе

семки од тиква (по избор)

сусам, ким (по избор)

овесна каша (по избор)

Начин на приготвување: Истурете го брашното во сад, додајте ги прашокот за печиво, сода бикарбоната, водата, солта, маслото и три лажици ленено семе. Сè убаво измешајте со виљушка, покријте го садот со проѕирна фолија и оставете го преку ноќ во фрижидер.

Тестото наутро префрлете го во тавче обложено со хартија за печење, формирајте лепче и премачкајте го со вода, посипете со овесни снегулки, лен и/или семки од тиква, сусам и/или ким и печете во рерна загреана на 180 степени околу 45 минути.

Пријатно!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk