logo
logo
logo

ЛАЖНО ТРИЛЕЧЕ: Едноставен рецепт (Видео)

Vecer | 23.10.2022

ЛАЖНО ТРИЛЕЧЕ: Едноставен рецепт (Видео)

Трилече колачот е бисквит натопен во три вида млеко. Неговото име буквално значи три млека, а за неговото потекло се уште се расправа. Многумина тврдат дека потекнува од Мексико, додека некои ја наведуваат Турција. Оваа торта, чиј рецепт е пред вас, е направена малку поинаку, но изгледот и вкусот потсетуваат на популарниот десерт.

Потребни состојки:

- 400 г шеќер

- 200 мл вода

- 650 мл млеко

- 2 лепињи или кифли

- 3 јајца

- 200 мл кокосово млеко

- 200 мл слатка павлака

- 50 г кокос

Начин на приготвување: Во тавата истурете половина од шеќерот и варете на средна температура додека не се растопи, додадете вода и убаво измешајте. Добиената смеса префрлете ја во плех за печење. Кифлите прелијте ги со млеко, додадете ги јајцата, кокосовото млеко, шеќерот, слатката павлака и кокосот и сè убаво измешајте. Прелијте со карамелизираниот шеќер и покријте со фолија. Ставете ја тавата во поголема која е наполнета со вода. Печете на 220°C 90 минути. По печењето, превртете ја тортата наопаку и исечете ја.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk