Лазарополско телешко месо

Лазарополе, како и многу други места во нашава Македонија, е прекрасно, мирно и стопено со природата, еколошки чисто и извонредно за поршетки и одмор. Храната која мештаните ја подготвуваат е секогаш со врвен квалитет поради природните и домашни состојки кои ги користат. Не ретко таму можете да се послужите со храна подготврна под САЧ или тнр, ВРШНИК. Се вели : „ Кој не пробал храна спремена под вршник, не пробал ништо вкусно."
Рецептата која следи е едноставна за подготовка и превкусна. Како и да е, најдобро е да се подпече во земјена тава, која и после принесување на масата, подолго време го задржува јадењето топло.


Состојки
800 гр месо од бут

50 гр сува сланина

100 гр шунка или свински врат

100 гр печурки

50 гр грашок

100 гр кашкавал

100 гр варена пченка

морков

50 мл павлака

50гр домати

зелено пиперче

лук

буковец

магдонос

сол според вкус

сончогледово масло

Начин на Приготвување
1.Подготовка на месото:

2.Се сечат 12 парчиња од месото во вид на медаљони и се посолуваат, па се пржат на врел зејтин.

3.Така испржени се редат во тава ( најубаво да е земјена ) и се оставаат на страна додека да се припреми сос.

4.Припрема на сос:

5.Се пропржува сланината сецкана на коцки, па потоа се додаваат во истиот сад сецкани печурки, морковoт, грашок, пченка, зелено пиперче, сецкани домати, па кога ке се згусне се додаваат лукот, буковецот и се посолува.

6.Садот се трга од огин, се додава павлаката и се промешува убаво, да се изедначи.

7.Подпекување:

8.Сосот се полива преку прженото телешко месо во тавата, па врз секое парче од месото се реди по едно тенко парче шунка и парче кашкавал одозгора. (Јас понекогаш рендам поголемо количество кашкавал, да ја прекрие скоро целата тава. )

9.Тавата се става во загреана рерна на околу 200 степени и се запечуве се додека кашкавалот не добие златно-жолта боја.

Поврзани

Најнови вести

Коментари