logo
logo
logo

КРЕМ САЛАТА ОД КРАСТАВИЦИ: Вистинско летно уживање

Vecer | 22.07.2022

КРЕМ САЛАТА ОД КРАСТАВИЦИ: Вистинско летно уживање

Вистинска летна салата која е неверојатно освежителна и вкусна. Така е затоа што освен краставици, содржи уште неколку интересни состојки, кои ќе им подарат вистински празник од вкусови на вашите непца.

Една од тајните за подготовката на оваа вкусна салата се крие во начинот на сечење на краставиците - кришките мора да бидат тенки, а тоа можете да го постигнете со лупач за зеленчук.

Салатата е одличен прилог за скара, но може да се служи и само со неколку кришки тост.

Потребни состојки:

  • 2 краставици
  • 1/2 чаша кисело млеко
  • 3 супени лажици вински оцет
  • 1 лажица сечкан свеж копар
  • 1 лажичка шеќер
  • 1/4 лажичка лук во прав
  • 1/4 кромид
  • сол и бибер, по вкус

Начин на приготвување: Краставицата и кромидот ситно исечкајте ги. Како што веќе споменавме, краставиците можете да ги исечете со лупач за зеленчук. Во сад измешајте кисело млеко, вински оцет, шеќер, лук во прав и свеж копар. Изматете ги сите состојки додека убаво не се соединат.

 

@feelgoodfoodieMake this creamy cucumber salad this summer – perfect on its own or with anything grilled!♬ original sound - Feel Good Foodie

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk