Крцкав сендвич

Потребни состојки:

2 јајца
4 парчиња леб
50g путер
4 големи парчиња сирење
2 големи парчиња шунка
2 листови од зелена салата
Сол, бибер, некои омилени зачини


Подготовка:

1. Намачкајте ги парчињата леб со малку путер и испржете ги од двете страни на тава. Тргнете две парчиња од тавата – тие ќе ви бидат потребни подоцна.

2. Ставете по едно парче сирење на останатите 2 парчиња леб и покријте ја тавата. Печете додека не се стопи сирењето.

3. Врз сирењето ставете парче шунка, па уште едно парче сирење и на крај покријте со кришките леб кои претходно ги тргнавте настрана.

4. Покријте ја тавата и печете околу 30 секунди. Извадете го сендвичот од тавата и кога ќе се излади малку, додадете по еден лист зелена салата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари