logo
logo
logo

ПОСНИ РЕЦЕПТИ

Колач со малини и јаболка

Vecer | 15.04.2021

Колач со малини и јаболка

Потребни состојки:

500 г брашно

500 г гриз

500 г шеќер

250 г маргарин

1 кг кисели јаболка

1 кг малини (може и од замрзнувач)

Начин на приготвување: Со маргарин добро подмачкајте го плехот за печење. Од шеќерот, гризот и брашното подгответе тесто и поделете го на три дела. Првиот дел рамномерно распоредете го во подмачканиот плех. Преку тоа ставете ги претходно излупените, изрендани и исцедени јаболка. Потоа повторно ставете тесто, па врз него распоредете ги малините и на крајот завршете со слој тесто. Одозгора изрендајте и распоредете рамномерно маргарин. Печете во рерна загреана на 220 степени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk