logo
logo
logo

КОЛАЧ СО ЦИМЕТ, нема кој го одбил

Vecer | 24.07.2022

КОЛАЧ СО ЦИМЕТ, нема кој го одбил

Состојки:

За тестото:

85 г несолен путер омекнат на собна температура

160 мл растително масло

400 г шеќер

1 лажица чист екстракт од ванила

350 г брашно

1 лажица прашок за печиво

1 лажичка сол

240 мл млеко на собна температура

6 големи белки на собна температура

За филот од цимет:

100 г путер, полустопен, за да може да се меша

140 г кафеав шеќер

3 лажички цимет

За глазурата:

200 г омекнат путер

200 г омекнато крем сирење (маскарпоне или филаделфија)

400 г просеан шеќер во прав

2 лажички екстракт од ванила

2 лажички свеж сок од лимон

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте ја тавата за печење со масло и набрашнете ја. Истресете го вишокот брашно.

Со миксер изматете го путерот со средна до мала брзина додека не стане крем.

Додајте ги шеќерот и маслото и матете додека сите состојки добро да се соединат и да станат кремасти.

Додајте го екстрактот од ванила.

Во посебен сад измешајте ги брашното, прашокот за печиво и солта.

Измерете 240 мл млеко.

Со миксер на средна брзина, во смесата со путер постепено наизменично додавајте ги смесата со брашно и млекото, почнувајќи и завршувајќи со смесата со брашно. Мешајте додека секоја тура речиси целосно не се соедини пред да ја додадете следната.

Во посебен сад измешајте ги белките и со рачен миксер матете со голема брзина додека не се формираат цврсти врвови.

Со помош на шпатула, нежно вмешајте ги белките во тестото. Внимавајте добро да се соединат состојките, но да не се премешаат.

Истурете го тестото за колач во подготвената тава. Печете на 180 степени 35-40 минути, или додека чепкалка за заби вметната во центарот на колачот да излезе чиста или со малку трошки (не треба да биде влажна).

Колачот ќе биде светлозлатно-кафеав кога ќе се испече.

Извадете го колачот од рерната и оставете го да се излади 15 минути. Превртете го на решетка за ладење.

Оставете го целосно да се излади пред да го покриете со филот и глазурата.

За филот од цимет: измешајте ги путерот, кафеавиот шеќер и циметот. Премачкајте го колачот со филот на собна температура.

За глазурата: во мало тавче стопете го путерот на мала температура. Додајте ги крем-сирењето, ванилата и шеќерот во прав.

Прелејте го колачот со глазурата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk