logo
logo
logo

ЗДРАВИ И ВКУСНИ ќофтиња од тиквички и овесни снегулки

Vecer | 27.04.2022

ЗДРАВИ И ВКУСНИ ќофтиња од тиквички и овесни снегулки

Ќофтињата од тиквички и овесни снегулки се вкусен, но и многу здрав и, пред се, нискокалоричен ручек. Вреди да се пробаат.

Потребни состојки:

  • 1 тиквица со средна големина
  • 1 мала главица кромид
  • 2-3 чешниња лук
  • 1 јајце
  • 1-2 супени лажици маслиново масло
  • 2-3 лажици овесни снегулки
  • сол, бибер и оригано (по желба)

Начин на приготвување: Тиквицата измијте ја убаво и изрендајте ја, потоа посолете ја со сол и оставете ја да пушти вода. Водата убаво истискајте ја преку цеделка, а потоа ставете ја изренданата тиквица во подлабок сад. Во садот со тиквицата изрендајте го кромидот, насечкајте го лукот на ситно, додадете го јацето, маслиновото масло, зачините и убаво промешајте. Кога убаво ќе размешате додадете ги овесните снегулки, но додавајте полека - лажица по лажица, дури можете да чекате по 2-3 мин за овесот да впие дел од водата. Доколку ви остане повеќе вода во тиквицата можеби ќе биде потребно да додадете и повеќе од 2-3 супени лажици овесни снегулки.

Кога смесата ќе стане густа и ќе може да се обликува направете топчиња и ставете ги во тавче на хартија за печење. Печете ги околу 30 минути на 250ºС, но проверувајте да не ви изгорат.

  • Можете и да ги пржите во тава која не лепи, со многу малку масло. Но, за тоа одлучете сами, и на едниот и на другиот начин секако се превкусни. Одлично се комбинираат со зелена салата од марула, рукола, спанаќ и чери домати.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk