Како да ја избегнете мачината при патувањето?

Многумина веќе се подготвуваат за претстојниот одмор, а доколку стадате од мачнината при патување, би требало да ги преземете сите нешта кои помагаат со цел да не си го расипете одморот уште на почеток.

За мачнината при патување најчесто е виновно пореметувањето на системот за рамнотежа при самото патување. Покрај слабоста се јавува и вртоглавица, мачнина, главоболка, недостаток на воздух, потење, пад на крвниот притисок... Некои едноставни мерки, сепак, можат да ги ублажат овие непријатни симптоми.

– пред да тргнете на пат, излуфтирајте и раздладете го автомобилот

– пред патувањето избегнувајте силна храна

– додека се возите, отворете го малку прозорецот со цел постојано да имате свеж воздух

– седете на предното седиште доколку не возите

– гледајте пред себе или далеку во пределот, не се завртувајте назад, не читајте, не гледајте во белите линии на патот, а особено немојте да пушите во колата

– немојте да користите силни парфеми бидејќи ќе ви предизвикаат мачнина

– правете почести паузи

– таблетите против повраќање имаат успивачки ефект, па наместо нив можете да го пробате природниот напиток од ѓумбир во вид на чај, или да џвакате свежи листови од нане.

Поврзани

Најнови вести

Коментари