logo
logo
logo

Кафеанска зелка салата - овој редослед на зачините потполно го менува вкусот

Vecer | 19.05.2022

Кафеанска зелка салата - овој редослед на зачините потполно го менува вкусот

Како да направите совршена салата од зелка, така што ништо да не е премногу или премалку?

Потребни состојки:

- главица зелка

- 5 лажици масло

- 5 лажици благ оцет

- сол и бибер по вкус

- прстофат шеќер

Начин на приготвување: Извадете ги надворешните листови од зелката, измијте ја и ситно исечкајте ја. Додадете прстофат сол и шеќер, а потоа добро изгмечете ја зелката со раце и оставете ја да отстои неколку минути. Потоа истурете го маслото, оставете да отстои една минута, па оцетот и сè убаво измешајте. Повеќето луѓе грешат и прво  ставаат сол, а потоа течните состојки, кои потоа се „измиваат“. Затоа остатокот од солта се додава на крајот, а можете да додадете и бибер, секако, по желба. Ако сакате посебно да ја декорирате салатата од зелка, изрендајте малку морков.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk