Состојки:
500 гр пилешко бело месо
0,5 дл млеко
3 лажици масло
3 лажици брашно
Кисела павлака
сол, зеленчук, бибер по вкус
трошки од леб
Подготовка:
Пилешкото исечкајте го на кришки и малку со чекан за месо излупајтего, посолете, додадете малку бибер и пропржете го на масло од двете страни додека не порумени.
Истурете го маслото во сад, загрејте го, а потоа додадете го брашното во загреаното масло. Брашното пропржете го кратко додека не порумени. Потоа додадете млеко, посолете малку и убаво измешајте да нема грутчиња. Оставете да зоврие со постојано мешање. Тргнете ја тавата од оган и додадете ја павлаката, па добро измешајте.
Вака приготвениот бешамел сос прелијте го врз пилешкото, обилно посипете со презла и печете во рерна загреана на 200 степени околу 15-20 минути.