Јаболкото – чувар на вашето здравје


Еве овошје кое лечи апсолутно сè: срцето, црниот дроб, цревата... Не се вели бадијала, едно јаболко на ден и лекар не ви е потребен.

 

Убива сè околу себе
Биолошки активните состојки во јаболкото остануваат релативно стабилни и зачувани и на температура од 0 степени. Не треба да се чуваат блиску до друго овошје и зеленчук, освен ако не сакате тие побргу да созреат, бидејќи јаболката испуштаат етилен, кој го подобрува созревањето. Од едно скапано јаболко во ќесата сè побргу ќе пропадне. И тоа не е сè. Компирот ќе изрти ако стои покрај јаболка, а цвеќето ќе овене ако покрај вазната стои чинија со јаболка.

Ги чуваат крвните садови
Поради богатството со растителни влакна, потоа витамин Ц и калиум, јаболката се корисни при заболувања на срцето и крвните садови. Танинската киселина од јаболката го спречува таложењето на маснотиите во црниот дроб, а витаминот Ц со јодот, кој го содржат некои видови, го спречува заболувањето на штитната жлезда. Благодарение на диететските растителни влакна го нормализираат варењето и ја регулираат столицата. Поволно делува и на регулирањето на нивото на холестерол во крвта, го намалуваат ризикот од рак на белите дробови, дебелото црево, простатата...

Бројки:

200g
Толкава е тежината на едно просечно јаболко. Дивите јаболка се помали и полесни. Најголемото јаболко на светот од Гинисовата книга на рекорди било тешко 1800 грама.

100g свежи јаболка содржат:
- 86g вода
- 400g минерали
- 27mg витамини

100g суви јаболка содржат:
- 82 калории
- 16,9g јаглени хидрати
- 1,16g масти

50%
Половина од витаминот Ц се губи со печењето на јаболката.

7%
Една петнаесетина од плодот на јаболката ја сочинува лушпата и тој дел содржи 40-45 проценти полифеноли. Немојте да го лупите јаболкото!

20%
Најмалку една петина од јаболката се губи при цедење на сок. Она што останува всушност е најбогато со лековити состојки.

30g
Ставете толку сушени јаболка во 2 dl зовриена вода и варете пет минути. Овој чај ги ублажува симптомите на настинка и грип.

Поврзани

Најнови вести

Коментари