logo
logo
logo

Ја фрлате кората од портокалот? Еве зошто грешите!

Vecer | 24.04.2021

Ја фрлате кората од портокалот? Еве зошто грешите!

Руската нутриционистка Олга Перевалова за радиото Спутник говори за тоа – како да јадете портокали, а тие да не ги загубат своите вредни својства?

– Дневната доза на витамин Ц е 60 милиграми. Свеж портокал може да има две дневни дози витамин и тоа е доволно за умерено здрава личност. Витаминот Ц може да се зголеми и до 500 или 1.000 милиграми. Портокалите содржат и многу витамини од групата Б, кои не само што го зајакнуваат имунитетот, туку и поволно влијаат на работата на крвните садови. А кората содржи каротеноиди – растителен облик на витаминот А, кој се нарекува и „витамин за убавина“, оти влијае на квалитетот на кожата и го подобрува видот, особено ноќниот вид, вели д-р Перевалова.

Олга Перевалова порачува дека цитрусните плодови задржуваат најмногу витамини ако се јадат цели, а не исечени или исцедени како сок.

– Ако го цедите сокот од овошјето, ќе ви требаат 4-5 средни портокали за една чаша. Овој сок ќе содржи и огромна количина фруктоза, а тоа е шеќер што го оптоварува панкреасот. Сечењето ја намалува количината витамин Ц по допирот со металниот нож и така, губиме дел од неа. Оптимално е да земеме свежа овошка, да ја измиеме и да ја јадеме цела, заедно со кората!, вели д-р Перевалова.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk