Во природата ништо не е случајно

Изгледот на плодот покажува кој орган го лечи

Изгледот на некои плодови во природата неодоливо потсеќаат на некои органи од човечкото тело..следува листа на дел од нив

Дали сте приметиле дека плодот од оревот потсетува на мозок, а плодот од грав на бубрег? Токму таквата сличност на формата покажува дека таа намирница го лечи тој дел од телото. Погледнете ја изненадувачката поврзаност на природата и човековото тело...

Доматот има четири комори и е црвен, исто како и срцето. Истражувањата покажаа дека доматот е преполн со калиум и железо така што тој е исклучително здрав за срцето и крвта.

Оревот личи на мозокот, има лева и десна хемисфера, дури и набори кои личат на мозочните. Познато е дека оревот создава невронски преносители во мозочните функции.

Целерот е билка слична на коските на луѓето. Коските содржат 23 проценти натриум, токму како и оваа билка. Докажано е дека оваа билка ги надополнува потребите на вашиот скелет.

Авокадото позитивно влијае на здравјето на матката и јајниците, а всушност и личи на неа. Со само 1 авокадо неделно, хормоните се стабилизирани и се спречува рак на матката и јајниците. Најинтересно е тоа што се потребни токму 9 месеци за авокадото од цвет да стане зрел плод.

Слаткиот компир личи на панкреасот, а воедно и поволно делува на него, така што врши баланс на шеќерот во крвта.

Морковот исецкан на тркалца личи на човечкото око. Науката докажа дека морковот го зголемува протокот на крв и ја подобрува функцијата на очите.

Грејпфрутот и останатите цитруси личат на дојка, а воедно помагаат и при движењето на лимфите преку дојката со што го спречуваат ракот на дојка.

Ѓумбирот личи на желудник, а познато е дека тој успешно ги лекува желудечните тегоби и надуеноста.

Црвеното вино потсетува на крвта. Кога тоа се консумира во умерени количини тоа ги намалува ризиците од згрутчување на крвта и појавата на дегеративни болести кои се поврзани со мозочниот удар и болестите на срцето.

Школките потсетуваат на тестисите, а студиите покажаа дека тие се одлични за здравјето на машките полови органи.

Печурките како што се шампињоните, исечена на половина, потсеќа на човечко уво. Тие го подобруваат слухот, бидејќи се едни од ретките намирници кои содржат витамин Д. Овој витамин е важен за здравјето на коските, дури и на оние ситни и мали кошчиња кои го пренесуваат звукот до мозокот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари