logo
logo
logo

ПОСНО

Гулаш од соја

Vecer | 13.04.2021

Гулаш од соја

Потребно (за 4 порции):

- 1 кг сечкан кромид

- 2 дл растително масло

- 100 г парчиња соја обарени во вода зачинета со сушени зачини

- 2 дл сок од домати

- 1 морков

- 2 бабури исечени на резенки

- пипер

- 1 лута пиперка

- 1 китка листови магдонос и целер (ситно сечкани)

Подготовка: Загрејте го маслото, па додајте ги кромидот, бабурите и морковот. Со добро издинстајте. Додајте една лажица брашно, малку црвена пиперка, сушен зачин, сок од домати, барените парчиња соја сосе водата во која се бареле и со оставете уште десетина минути тивко да врие. Додајте малку вода, ако е потребно, за да се добие саканата густина. Кога ќе тргнете од огнот досолете и додајте ги сечканите магдонос и целер. Гулашот потоа поклопете го и послужете го после десетина минути.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk