logo
logo
logo

Фетучини со лук и пармезан

Vecer | 01.12.2021

Фетучини со лук и пармезан

Ви пренесуваме рецепт за кремасти тестенини со лук и пармезан за кој ќе ви бидат потребни само 35 минути и една поголема тава.

Состојки:

  • 30 г. путер
  • 4 чешниња лук, мелени
  • 470 мл пилешки супа
  • 240 мл млеко
  • 230 г. паста - фетучини
  • Сол, по вкус
  • Бибер, по вкус
  • 25 г.  рендан пармезан
  • 2 лажици свежо сечкан магдонос

Подготовка

1

Пропржете го лукот

Во голема тава, на средна температура, растопете го путерот. Додадете го иситнетиот лук и пропржете го околу 1 минута.

2

Додадете ги тестенините

Истурете ја пилешката супа и млекото, додадете ги тестенините и зачинете со сол и бибер по вкус.

3

Гответе ги тестенините

Оставете да зоврие, а потоа намалете ја топлината и варете, повремено мешајќи 18 до 20 минути или додека тестенините не се сварат по ваш вкус.

4

Додадете пармезан

Промешајте го пармезанот и ако сосот е премногу густ, додадете уште млеко по потреба додека не ја постигнете саканата густина.

5

Посипете со магдонос и послужете

Се трга од оган, се посипува со свежо сечканиот магдонос, по желба со уште малку пармезан и се сервира.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk