Fast Food - ручек

Убав ручек , време за подготвување е околу 15 мин.

Брзата храна која на големо секонзумира надвор од домот, заменете ја со домашна фаст-фуд, која е далеку поквалитетна брзо се подготвува и што е најбитно – класичен ручек во кој лажицата има предност.

 

Состојки
Пилешки гради, главица кромид, морков, конзерва грашок, тиквичка, пашканат, целер, домата, пашканат, спанаќ, пиперка (по избор пикантна) 1 лажици леќа или хељда, зејтин, зачин,сол, бибер,

Пилешките гради на помали коцки исецкајте ги и пропржете да станат румени.
Во тенџере во кој готвите чорбести јадења ставете го пилешкото, со исецкани на помали коцки сите состојки кој се наведени, залете го со вода колку да ги покрие, и масло, додатете малку сол и оставете и да се варат. Подготовката на овие продукти е околу 15 минути. Не ставајте запршка, едноставно нека бидат само варени, од самите состојки варивото се згуснува особено ако ставете уште една главица кромид.
Пред крај, додатете сецкан магдонос, 1-2 чешниња лук, бибер, зачин, и сол. Се заедно нека варат 4-5 минути.


Ќе добиете ручек од зеленчуци потопени во убав софт, кој со лажица ќе се консумира овој фаст-фуд ручек.
Додека се вари јадењето, прилог на ова јадење како салата добро е да потпечете питерки, олупени и зачинети ќе го надополнат овој убав ручек кој веме за подготвување е околу 15 мин.

Количината на наведените состојки не е одредена, во зависност за колумина се подготвува ручек, исто така нема ограничување кој зеленчук ќе доминира повеќе од останатите.
Што и да ставете може само да го подобри вкусот на фаст-фуд ручекот.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари