logo
logo
logo

Едноставна, брза и вкусна “пита-тараненик“

Vecer | 08.12.2021

Едноставна, брза и вкусна “пита-тараненик“

Едноставна, брза и вкусна “пита-тараненик“ од кори и тарана

Вкусен појадок, брз ручек па и вечера.

Состојки:

400 гр. јуфки – домаши

150-200 гр. тарана

3. по потреба 30-40 гр.масло вода и сол.

Подготовка:

1. Во округла тава со димензија 28 ставаме може и правоаголна се реди 1/3 од јуфките, потоа пола од тараната, повторно се става 1/3 од јуфките, па останатата половина од тараната. Се завршува со јуфки. Ги попрскуваме со масло за јадење. Доколку сакате да биде со сирење, додека се редат корите и тарената и дробено сирење се става меѓу нив.

2. Тавата се става во загреана рерна на 250 степени и се печат додека да заруменат, притоа внимавајте да не изгорат состојките.

3. Во исто време ставаме вода, масло и сол да зоврие. Испечените кори и тарана - тараненик ги попаруваме со врелата солена вода со масло, одприлика еден прст над нив корите. Враќаме ја враќаме тавата во рерна да се испече, додека не ја впијат целата течност.

Се служи топла со сирење, маслинки, јогурт, чај...

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk