Едноставен колач со мак

 Ефтин, брз за подготовка, уште побрзо се јаде...

Состојки

2 јајца
100 гр. шеќер
1 ванила
200 гр. јогурт
50 гр. масло
1 пециво
100 гр. брашно
100 гр. мак
100 гр. чоколадо
100 гр. суво грозје

Подготовка:

Ги матете јајцата со шеќерот и ванилата, додавате брашно, пециво, јогурт, масоло, макот и сувото грозје.

Сето тоа добро се меша, се истура во подмачкан пчех, со пречник 22 см. и се пече на 180-200 степени околу 35 минути.

Додека топол се прелива со растопена чоколада.

Се сеча изладен.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари