logo
logo
logo

Едноставен и вкусен ролат со џем готов за 15 минути

Vecer | 21.10.2021

Едноставен и вкусен ролат со џем готов за 15 минути

Едноставен и вкусен ролат со џем.

Потребно е:

5 јајца

100 гр шеќер

5 полни лажици брашно

1 лажичка прашок за пециво

70 мл масло

кора од лимон

по желба џем од кајсија или некое друго овошје

Подготовка:

Јајцата се матат со шеќерот, се додаваат брашното, прашокот за пециво, кората од лимон, маслото и се меси додека не се изедначи тестото. Поставете плех со хартија за печење префрлете го тестото и израмнете. Печете на 200 степени Целзиусови околу 15 минути додека не зарумени. Префрлете го на крпа и завиткајте. Кога малку ќе се излади, одвртете го, потоа премачкајте го со џем и завиткајте го повторно. Посипете го со шеќер во прав.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=2fOl-koU4Ps[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk