logo
logo
logo

Два трика од 1942 година за совршено варени јајца: Еве каде грешите

Vecer | 10.03.2023

Два трика од 1942 година за совршено варени јајца: Еве каде грешите

Мери Френсис Кенеди Фишер, кулинарски експерт од САД, отсекогаш верувала дека изразот „вари јајца“ е неточен и дека тајната за успешно подготвување на ова јадење лежи во тоа што всушност не се варат.

- Во моментот кога ќе ставите јајце во врела вода, жолчката останува сурова, а белката веднаш се вари. Целта е да се зготват сите компоненти на јајцата во исто време на ист начин - изјавила Мери, која починала во 1992 година, но нејзините книги и денес предизвикуваат голем интерес.

Така, пред неколку години, издавачите подготвија реиздание на нејзината книга „How To Cook A Wolf“ од 1942 година, каде таа зборува за методите што ги користиме при готвењето јајца и зошто тие се погрешни.

24sata

Според неа, постојат две алтернативи кои постигнуваат најдобри резултати:

1. „Јајцето прелијте го со ладна вода пред да го ставите во топлата“

За да не пукне лушпата, предлага прво јајцето да го прелиете со ладна вода пред да го ставите во врела вода. Оставете го на тивко онолку долго колку што сакате, а Фишер напоменува дека на овој начин ќе се готви исто толку брзо како и зовриената вода, но ќе биде подобро сварено.

2. 'Потопете го јајцето во ладна вода и брзо загрејте го'

За вториот начин предлага јајцето да го потопите во ладна вода во мало тенџере кое брзо го загревате и штом зоврие јајцето е готово за консумација. Сепак, таа подоцна призна дека има недостаток, бидејќи е потешко да се исчисти лушпата од јајцето ако ги користите нејзините методи.

Покрај тоа, јајцата на овој начин се меко варени, а поради безбедноста на здравјето, сите експерти денес препорачуваат тврдо варени јајца, особено за малите деца, објави Мирор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk