Гледајќи ги Американците и нивната позната „пита со пудинг“, сакавме конечно да ја пробаме, да видиме што е толку добро. Пудинг питата се состои од совршено ронливо тесто, кое можете да го користите за секакви вакви пити бидејќи има совршена структура и не се кине при обликувањето.

Состојки:

400 гр брашно

250 гр путер или маргарин

5 големи лажици шеќер

1 јајце

1 ванилин шеќер

1 лимон шеќер (по желба)

½ прашок за пециво

Фил:

1 литар млеко

2 чоколадни пудинга

10 лажици шеќер

5 лажици какао во прав

Подготовка на тестото:

Измешајте ги брашното, прашокот за пециво и изматениот путер или маргарин со шеќерот и јајцето, додадете ванилин шеќер и лимонов шеќер за подобар вкус. Добро замесете го тестото и поделете го на два дела. Едниот дел од тестото ставете го во најлонска кеса и ставете го во замрзнувач половина час, а другиот дел од тестото оставете го во мал фрижидер и извадете го околу 10 минути пред подготовка за да отстои на собна температура.  Расукајте го и ставете го преку тавата за пита.

Подготовка на кремот:

Сварете малку повеќе од половина литар млеко, во преостанатото млеко додадете два пудинга, шеќер, какао и сè убаво измешајте со жица за матење. Додадете ја смесата во зовриеното млеко и направете пудинг. По желба, во готовиот (изладен) пудинг додадете една или две лажици путер или маргарин и сè убаво измешајте.

Врз тестото распоредете го сварениот крем за пудинг, а врз кремот изрендајте го изладениот дел од тестото. Се пече во загреана рерна на 180 степени, приближно 30-40 минути, во зависност од рерната. Готово е кога питата ќе зарумени и ќе добие убава златна боја. Послужете ја изладена, а по желба посипете со шеќер во прав или на парче пита додадете малку шлаг.