Оние кои имаат проблеми со холестеролот треба да ја ограничат консумацијата на мајонез, а претерување не се препорачува ниту за здравите луѓе. Но, со оваа верзија, не треба да обрнувате толку многу внимание на количината.

Сакате мајонез, но го избегнувате поради холестеролот? А за тоа има решение: мајонез без јајца. Рецептот е едноставен и лесен за правење, а со него можете да го замените дури и мајонезот во руска салата или во слични салати со тестенини.

Потребни состојки:

  • 2 лажици густин,
  • 4 лажици млеко,
  • 4 лажици вода,
  • 2 лажички сенф,
  • 3 лажици масло,
  • 1 лажичка сок од лимон или бел вински оцет
  • малку сол и малку бибер

Начин на приготвување:  Во сад измешајте го згуснувачот со вода и млеко и потоа загрејте ја смесата до вриење. Веднаш тргнете од оган и оставете да се излади на собна температура. Во изладената смеса промешајте една лажичка сенф и потоа измешајте со мала брзина со постепено додавање масло. На крај додадете уште една лажичка сенф и оцет или сок од лимон.