Зад латинското име Cicer arietinum се крие скапоцено растение, кај народот познато како леблебија. Постојат две познати сорти леблебии – кабули и деси. Сортата деси се карактеризира со ситно зрно и потемна кафеава нијанса, додека кабули има малку поголемо зрно со изразито светло кафена боја.

И двете од овие сорти имаат речиси идентичен состав и кој и да го изберете како додаток во исхраната нема да погрешите.

Леблебијата е богата со протеини, витамини и растителни влакна, за кои научно е докажано дека се многу важни за здравјето.

Го зачувува здравјето на коските

Железото, фосфатите, калциумот, магнезиумот, манганот, цинкот и витаминот К кои се наоѓаат во леблебијата придонесуваат за здравјето и јачината на коските.

Сепак, треба да се биде внимателен кога станува збор за овие минерали, бидејќи премногу фосфор и премалку калциум може да резултираат со слабеење на коските.

Го стабилизира нивото на шеќер во крвта

Растворливите влакна ќе ви помогнат да го одржите шеќерот во крвта под контрола. Ако сте отпорни на инсулин или имате дијабетес, леблебијата е исто така добра за вас.

Го чува здравјето на срцето

Основна препорака за намалување на крвниот притисок е да се намали внесот на кујнска сол и храна која ја содржи во големи количини, а од друга страна да се зголеми внесот на храна која содржи калиум. Леблебијата е идеална во овој поглед, бидејќи содржи мала количина на натриум, а во исто време содржи релативно голема количина на калиум.

Богат извор на железо

Леблебијата е богата со железо, важен додаток за жените во репродуктивна возраст. Децата кои растат ќе имаат и здравствени придобивки ако јадат неколку пати месечно.