Диетална есенска храна

Есента е период кога сите ние сеуште се трудиме да јадеме поздраво или во пресрет на зимата, кога се јаде најмногу, едноставно сакаме да се погрижиме за нашиот изглед и тежина. Ние ви предлагаме есенска храна која не само што е добра за вашето здравје, туку и ќе ви помогне и да ја регулирате тежината.

АСПАРАГУС
Ако не ви се допаѓа аспарагусот, оставете ни простор да ви објасниме зошто тој е добар за вашето здравје и воедно еден од најдобрите зеленчуци во есен. Се препорачува да се јаде готвен, а не жив. Тој е највкусен кога е малку пржен со маслиново масло, црн пипер и малку лимон. Аспарагусот не само што е одличен природен диуретик, тој исто така е богат и со витамин Ц, фолна киселина, калиум, витамин А и инулин, еден вид на растителни диетални влакна кој ги храни здравите бактерии во стомакот. Поради таа причина, аспарагусот е природен про-биотик.

ЦВЕКЛО
Иако кај нас цвеклото најчесто се консумира конзервирано, можете за промена да вклучите свежото цвекло во исхраната. Можете да направите салата или пак да го испечете на плотна, што му дава одличен слакаст вкус. Цвеклото содржи железо и природен шеќер, а исто така е одлично за детоксикација на телото, особено на црниот дроб. Кога во телото имаме премногу токсични материи, тоа влијае на способноста да се разградат мастите, па тука цвеклото може многу да помогне. Можете да направите и сок од цвекло, кој има прекрасна пурпурна боја, а за да го подобрите вкусот во сокот додадете морков и јаболка.

СПАНАЌ
Спанаќот исто така е одличен за губење на тежината. Тој е богат со магнезиум, железо, протеини, витамин А, витамин Е и растителни влакна. Поради сите овие својства спанаќот е во редот на здравата храна која ќе овозможи да ја губите тежината постепено, а сепак да бидете здрави.

МОРКОВИ
Морковите се природни „колачиња" кога станува збор за зеленчукот. Тие се одлични за губење на тежината и не се само диетална храна. Морковите се полни со хранливи материи. Содржат витамин Ц, магнезиум и витамин А. Овие хранливи материи се основни за добро здравје и губење на тежината.

Поврзани

Најнови вести

Коментари