logo
logo
logo

Диетален сладолед со кисело млеко

Vecer | 11.05.2022

Диетален сладолед со кисело млеко

Што велите за порција сладолед од кисело млеко, кој нема да му пречи на вашето диетално мени? Еве како лесно може да го приготвите уште веднаш

Потребни состојки:

  • 70 г кисело млеко
  • 70 г замрзнати парчиња ананас
  • 1 супена лажица мед
  • 1 полна кафена лажица сок од лимон

Начин на приготвување: Измешајте ги сите состојки во блендер, мешајте додека не добиете хомогена смеса. На крај, во сладоледот по желба може да додадете и малку кокос, кој претходно може и малку да се испржи. Тропскиот сладолед за брзо време ќе биде готов, а неговиот егзотичен вкус нема никого да остави рамнодушен!

Доколку не претпочитате ананас, сладоледот може да го приготвите со кое било друго овошје, по желба, или, пак, едноставно само да измешате 150 грама кисело млеко, 2 супени лажици мед и 3 супени лажици сок од лимон.

На здравје!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk