logo
logo
logo

Диетален сладолед од САМО една состојка

Vecer | 21.06.2022

Диетален сладолед од САМО една состојка

Доколку избегнувате сладолед во топлите летни денови поради тоа што сте на диета или, пак, избегнувате шеќери и глутен поради разни причини, можете да си допуштите да се освежите со домашен сладолед кој се подготвува од само една состојка.

Се што ви е потребно за овој десерт се неколку банани.

Начин на приготвување: Најпрво бананите се сечкаат во форма на тркалца и се ставаат во поклопен сад во фрижидер да се замрзнат. Потоа, замрзнати се ставаат во блендер и се матат додека не се претворат во пенест крем.

Сладоледот може да се јаде веднаш или, пак, да се врати во фрижидерот да се замрзне уште малку.

На здравје!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk