logo
logo
logo

Џем од смокви, домашен

Vecer | 12.09.2021

Џем од смокви, домашен

Време е да ја направиме највкусната зимница и во шпајзот да ги наредиме теглите со домашен џем, слатко, мармалад… Убаво е да има од се по малку, за бескрајно уживање во поладните денови.

Ако го обожавате џемот од смокви и сакате да си направите дома, еве супер рецепт! Смокви во комбинација со ванила, цимет и рум за совршено уживање во светот на вкусовите!

Може да го намачкате на парче леб за појадок, слатка ужина или да го додате врз вафли и палачинки.

Состојки:

Подготовка:

1. Смоквите измијте ги, тврдата кора отстранете ја, а потоа исечете на четвртини. Ставете ги во подлабоко тенџере.

2. Лимонот измијте го и излупете го жолтиот дел од кората без бел слој. Исчистениот лимон преполовете го и исцедете го сокот.

3. Во садот со смоквите, додајте ги шеќерот и сокот од лимон. Тенџерето покријте го со кујнска крпа и оставете ги смоквите да се маринираат 1 час на собна температура.

4. Во смоквите додајте ја кората од лимон и ставете го тенџерето на оган да се вари. Откако ќе зоврие намалете ја температурата и варете уште 30 минути. Повремено мешајте на 4-5 минути и отстранувајте ја пената од површината.

5. По половина час варење, отстранете ја кората од лимон. Ако кората од смоквите не е распадната извадете ја и ситно исечкајте ја. Смоквите изгмечете ги или испасирајте ги со рачен блендер. Во садот додајте ги ванилиниот шеќер, румот и мелениот цимет. Варете уште 15 минути. Џемот е готов кога остава трага при мешањето.

6. Чистите тегли и капаци стерилизирајте ги 10 минути во загреана рерна на 150 степени.

7. Во теглите ставете од топлиот џем. Притоа оставете околу 1 см под работ на теглата. Затворете ги теглите и превртете ги наопаку 5-10 минути. Потоа, вратете ги во нормалната позиција, ставете ги во исклучената рерна или завиткајте ги во ќебе и оставете ги постепено да се изладат на собна температура.

8. Готовиот џем послужете го за појадок или ужина. Уживајте во светот на вкусовите!

Ако немате многу време за подготовка, а ги обожавате домашните џемови и мармалади, имаме супер идеја за вас!

Витаминка имаат превкусни мармалади кои ги обожаваме.

Во нивната палета може да најдете мармалад од јагоди, цреша, кајсија, праска и портокал. Немаат конзерванси, а вкусот им е фантастичен!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk