Честопати, популарниот британски готвач објавува по некој кулинарски совет или рецепт, а илјадници верни обожаватели од социјалните мрежи брзаат во нивните кујни да ја пробаат неговата идеја; и така беше неодамна кога Џејми Оливер на својот профил на TikTok откри како совршено да испечете компири.

Оливер потоа сподели чекор за кој вели дека многу луѓе забораваат да го направат и кој го нарекува клучен доколку сакате компирите да ви бидат совршено испечени – однадвор крцкави, а внатре меки.

Оливер своето видео го нарече „11/10 рецепт за печен компир“, а во него објаснува:

„Прво ги варев компирите во посолена зовриена вода околу 10 минути.“

@jamieoliver 11/10 #roastpotato recipe 🔥 #potato #potatoes #roast #roastpotatoes #roasties #foodtiktok #sundayroast #roastdinner #budgetfriendly #savingmoney ♬ Sunny Day – Ted Fresco

После тоа, вели, треба да се процедат и убаво да се „протресат“ во цедалка, па да се додаде една лажица масло и неколку капки вински оцет.

Потоа компирите се готови за рерна, каде што се печат на 180 °C приближно 50 минути.

За 40 минути Џејми го вади плехот од рерната и нежно го притиска секој компир со пасирање за да се раствори.

„Притиснете го секој компир и вратете ги назад во рерна уште десет минути“, рече тој, а неговото видео собра неверојатни 477,1 илјади прегледи за неколку дена.