logo
logo
logo

Депресивна торта: Поевтин десерт нема, а за подготовка се потребни 10 минути

Vecer | 05.06.2023

Депресивна торта: Поевтин десерт нема, а за подготовка се потребни 10 минути

Сите состојки секако ги имате дома, а за подготовка ви треба само миксер, десет минути и малку добра волја.

Овој рецепт за колачи од ванила не може да биде поедноставен. Не содржи путер, јајца и млеко, а колачот е толку мек, мек и сочен што никогаш не би погодиле дека не јадете „обична“ торта од ванила.

Згора на тоа, секоја прилика каде што се очекува торта, оваа одлично ќе се вклопи. Секако, можете да го испечете како колач и да го исечете на коцки или да направите двојно поголема количина и висина.

Оваа едноставна торта е верзија на таканаречените „депресивни“ колачи кои биле создадени за време на Втората светска војна кога продуктите биле оскудни. И навистина, сигурно сите состојки што ви се потребни ги имате дома. За подготовка ви треба само миксер и десет минути, а колачот ќе се пече околу половина час.

Најлесен начин да ја комплетирате тортата е со шлаг, на кој по желба можете да додадете и малку шеќер. Можете да го декорирате и со кокосови трошки, а одлично ќе оди со овошни сирупи и свежо сезонско овошје.

Состојки за колач од ванила без јајца, путер и млеко:

– 1/2 кесичка прашок за пециво

- прстофат сол

– 230 гр мазно брашно

– 150 гр гранулиран бел шеќер

– 7 мл екстракт од ванила

– 80 мл растително масло

– 240 мл вода

Подготовка на колач од ванила без јајца, путер и млеко:

Загрејте ја рерната на 175 степени. Калапот за торта од 23 сантиметри обложете го со хартија за печење. Измешајте ги брашното, прашокот за пециво и солта. Додадете шеќер и повторно измешајте. Додадете ја ванилата, маслото и половина од водата. Не ја додавајте целата количина на вода бидејќи нема да можете да го замесите тестото. Мешајте додека тестото не стане мазно и без грутки. Додадете ја преостанатата вода и повторно измешајте додека тестото не се изедначи.

Истурете го тестото во садот за печење. Печете околу 35 минути или додека центарот не се свари.

Оставете го колачот целосно да се излади во тавата пред да го исечете или замрзнете.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk