Дали ова би го јаделе? Личи на месо, ама не е - повелете рецепт (видео)

Работиме иста работа како што илјада години сме ја работеле со месо... 

Ресторан кој е познат по димено месо, во својата понуда вметнал и нешто за веганите и вегетерјанците.

Дали сте знаеле дека лубеницата може да изгледа како месо печено во рерна?

Во ресторанот "Duck's eatery" во Њујорк одлучиле во својата понуда да вметнат димена лубеница која изгледа како најубаво парче сочно и вкусно "крцкаво"печено месо.

- Познати сме по димено месо, а сакавме да направиме поголем избор за вегани и вегетерјанци. Едноставно, работиме иста работа како што илјада години сме ја работеле со месо, само што сега тоа го правиме со лубеница. Користиме техника која можеби делува чудно, но во суштина се норманлни и вкусни – рекол Вилијам Хорвиќ, готвач и сопственик на ресторанот.

За подготовка на димена лубеница потребно е 4-6 дена. Лубеницата се потопува во вода со коријандер, оригано и солен раствот. Тајната состојка е - пепел од храст, поради што лубеницата после димење има "коричка"која изгледа како онаа на месото.

Откако лубеницата ќе отстои во комбинираниот раствор, се вади, се суши и дими половина ден. После тоа горната површина се засекува, а лубеницата се запржува во маслиново масло, рузмарин и сопствените сокови. Од една лубеница можат да се најадат три лица а цената е 75 долари.

- Најдобар начин да се опиши "Лубеница-шунка" е димена, солена топла и сочна, но и понатаму е лубеница и тоа е убавината на ова јадење – вели Вилијам.

Поврзани

Најнови вести

Коментари