Наместо класичната чоко моко торта, направете ја нејзината поедноставна верзија – сладок ролат.

Состојки:
5 поголеми јајца
4 лажици масло
7 лажици шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
прстофат сол
4 рамни лажици какао
5 лажици брашно
1 лажичка прашок за пециво
1-2 кесички инстант кафе по вкус
1 пакување слатка павлака
200 грама бело чоколадо
декорација по вкус

Подготовка:
Во посебен сад измешајте ги брашното, какаото и прашокот за пециво. Белките со прстофат сол се матат со миксер додека не се стегнат, па постепено се додаваат шеќерот и ванилиниот шеќер. Кога ќе добиете компактна смеса, намалете ја брзината на средна, а постојано мешајќи додајте ја жолчката и маслото. Потоа малку по малку додавајте ги сувите состојки и кога ќе се формира хомогена маса, истурете ја во плех обложен со хартија за печење.
Се пече во загреана рерна на 180 степени најмалку 20 минути. Почекајте да се излади десетина минути, а потоа завиткајте го со хартија. Ставете го во фрижидер да се излади.
Во сад измешајте ги белото чоколадо и шлагот.
Извадете ја кората од фрижидер, одвиткајте ја, па премачкајте  ја со овој фил и повторно свиткајте во ролна, овој пат без хартијата.
Декорирајте по желба — со шлаг, чоколадо или шарени трошки, рендано чоколадо, вишни итн.