logo
logo
logo

ПОСНИ РЕЦЕПТИ

Чорба од праз

Vecer | 14.04.2021

Чорба од праз

Потребно: (за 4 порции)

- 2-3 страка праз

- китка моркови

- 50 г путер

- сол

- пипер

- суви зачински тревки

- половина китка магдонос или целер

- супена лажица гриз

Начин на приготвување: Измијте го празот, па исечете го на тркалца со ширина од 2 см, вклучувајќи го и белиот и зелениот дел. Исчистете го морковот и исечкајте го на мали стапчиња, не многу тенки ниту преголеми за да можат лесно да се фаќаат со лажица додека се јаде. Количеството праз и морков зависи од тоа дали сакаме погуста или поретка чорба. Динстајте ги морковот и празот десетина минути, додајте вода зеленчукот да омекне, па динстајте уште десетина минути додавајќи зачински тревки, сол и пипер по желба. Додајте вода по желба (да биде поретка или густа) и супена лажица гриз. По десетина минути кога чорбата ќе биде готова, тргнете ја од огнот и додајте сечкан магдонос или листови целер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk