Вкусен рецепт

Чорба од компири

Доколку немате идеја што да готвите денес, ова е нашиот предлог. Топла чорба и свежа салата... 

Па има ли повкусно и поздраво нешто... 

Потребни состојки:

  • 1 лажица брашно
  • 3 поголеми компири
  • 1 јајце
  • оцет
  • 2-3 лажици масло
  • сол

Начин на приготвување: Излупете ги компирите, исечете ги на поголеми парченца (коцкички) и ставете ги да се варат во посолена вода. За тоа време подгответе бела запршка од брашното и маслото, па додајте ги варените компири и водата во која се вареле. Измешајте се и оставете да се повари десетина минути, а потоа тргнете ја супата од огнот и зачинете ја со разматено јајце, во кое сте додале вински оцет. При служењето посипете ја супата со црн пипер.
                                                                            Пријатно јадење!

Поврзани

Најнови вести

Коментари